Турција гo вклyчи цpвeниoт aлapм: Издaдeнo пpeдyпpeдyвaњe зa цyнaми пo cилнитe зeмjoтpecи штo гo зaфaтиja Kpит

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Турција издаде предупредување за цунами по силниот земјотрес што денеска го погоди грчкиот остров Крит, јавуваат турските медиуми.

Властите во Турција го предупредија населението за можна појава на цунами предизвикано од земјотресот во Грција, што, како што се прогнозира, може да го зафати целиот регион.

Едно лице загина, а девет се повредени во силниот земјотрес на Крит, чија јачина од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар беше проценета на 6,2 степени.

Земјотресот оштети стари згради, цркви и патишта во неколку критски општини во близина на епицентарот, јужно од градот Хераклион, додека училиштата беа евакуирани. (МИА)

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This