Тpaгедија во Словенија: Зaгинаa три лица во ekcплозија северозападниот дел од земјата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Три лица загинаа во експлозија што се случила денес околу 15,30 часот во Ланчово во општина Радовлјица, во северозападна Словенија.

Примероците на експлозијата сè уште се испитуваат.

Експлозијата се случила во изнајмен објект во близина на локална продавница, која некогаш служела како работилница за столарија.

Пожарникарите кои пристигнале на местото на несреќата веднаш го обезбедиле местото, ги исклучиле водата и струјата и иако експлозијата била многу силна, таа не предизвикала пожар.

По првичната истрага, полицијата објави дека експлозијата најверојатно се случила во близина на шпоретот на цврсто гориво, но дека точната причина засега не е позната.

Истрагата продолжува утре.

Според првите информации, наводно загинале луѓето кои го изнајмиле објектот.

Медиуми наведуваат дека загинале четириесетгодишен маж и неговиот дваесетгодишен син, како и нивниот четириесет годишен сосед.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This