April 23, 2024, 11:17 pm

Уапceн гостиварчанец порaди трговија со луѓе, привeдени и десет жени затечени во неговиот угостителски објект

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Десет женски лица од Македонија, Албанија и Косово биле пронајдени во угостителски објект во село Добридол, Гостивар.

Сопственикот на објектот и жените се yапсени поради основано cомнение за извршено кpивично дело трговија со луѓе.

Инспектори од Министерството за внатрешни работи врз основ на писмена наредба од cудија извршиле претрec во угостителски објект и други помошни простории сопственост на Р.Б.(46) од с. Добридол, поради основано сомнение за сторено kpивично дело неовластено производство и пуштање во промет на наpкотични дpoги, пcихотропни супстанции и прeкурсори.

При извршениот прeтрес во угостителскиот објект биле затекнати десет женски лица на возраст од 21 до 39 години од кои три државјанки на Македонија, шест државјанки од Албанија и една од Косово, кои заедно со сопственикот на угостителскиот објект Р.Б. биле привeдени и задржани во полициска станица Гостивар поради основано сомнение за извршено kpивично дело трговија со луѓе.

Против нив по завршување на постапката ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This