April 19, 2024, 10:34 pm

УДБАШКАТА МИЗЕРИЈА СЕУШТЕ АКТИВНА ВО МАКЕДОНИЈА: Иван Бабановски влетал во „Република“ да го убива историчарот Никола Србов!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„По изборите, на 12 декември кажете му на Србов дека ќе заврши на Дрисла“. Со вакви отворени закани денеска во редакцијата на „Република“ влета Иван Бабановски, кој дојде со придружник.
ivan-babanovski
Иван Бабановски е поранешен прв човек на УДБА и еден од протагонисти во ланските насилни протести на Сорос/СДСМ во кои беа повредени десетици полицајци.

Бабановски, инаку лустриран како поранешен функционер на тајните служби, веројатно реагира на насловниот текст на неделникот Република, „Мрачни ликови за мрачни сценарија“, каде се анализира дека „Ударната тупаница на Зоран Заев во оваа кампања се старите кадри од Службата за државна безбедност и поранешни шефови на ДБК“.

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

„Иван Бабановски, кој веќе две години активно учествува во создавањето на кризата во македонското општество, својата кариера како оперативец на УДБ ја почнува со обработка на илегални групи во СР Македонија, кои носеле предзнак ВМРО, па така, една од жртвите на Бабановски е Борислав Градишки, предводникот на организацијата „Бунт“. Доколку мислите дека обработка на илегални групи била „логична“ за тој период и дека преку неа се чувал интегритетот на Федерацијата, можеби ќе ве разубеди фактот дека во богатата кариера на Иван Бабановски како жртви ги наоѓаме и Анте Поповски и Гане Тодоровски, кои Бабановски ги обработувал преку „Славјан“ – Славко Јаневски. Бабановски бил активно вклучен и во обработката на македонскиот дисидент Драган Богдановски, кој ја предводел ДООМ, а подоцна се јавува како еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ“, стои меѓу другото во анализата „Мрачни ликови за мрачни сценарија“ на колумнистот Никола Србов.

 

[/kopa_block_quote] babanovski

Случајот е веќе пријавен во полиција.

Овој случај не е прв напад редакцијата на „Република“ и претставува директен атак врз слободното известување и работата на нашиот медиум.

Пред два месеци фоторепортерот на Република беше физички нападнат пред седиштето на СДСМ додека ги извршуваше работните задачи.

Во текот на насилните протести на платеничката револуција, беше демолирано и седиштето на редакцијата на „Република“.

Овие три случаи се последни, но не и единствени, обиди да се замолчат „непријателските медиуми“ на Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This