April 19, 2024, 10:40 pm

УКИНАТА МЕРКАТА КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ПРАТЕНИКОТ ВАСИЛЕВСКИ: Сашо Василевски ослободен од куќен притвор, ќе може да присуствува на собраниските седници

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Сашо Василевски, еден од 33-цата обвинети за  нападот во Собранието на 27 април лани, може да присуствува на собраниските седници, кога нема да има судски рочишта.

По серија барања, Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 одлучи да му ја укине мерката куќен притвор на Василевски, со парична гаранција. Обвинителството за организиран криминал нема да ја обжали одлуката.

Адвокатот на пратеникот Василевски, Александар Новаковски вели дека решението за ослободување од Кривичниот совет сеуште не го добиле, но дека претходно поднеле жалба и барале ослободување со гаранцијата.

Василевски, кој моментно е на судење во Кривичен суд, не сакаше да коментира ништо поврзано со неговата мерка, ниту, пак, со случувањата во Собрание денеска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This