Усвоен амандманот со кој и се гарантира суверенитетот на Грција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со десет гласа „за“ и два „против“ Комисијата за уставни прашања го усвои и предлог-амандман на Уставот со кој Македонија се обврзува да го почитува суверенитетот, територијалниот интегритете и политичката независност на соседните држави. Опозицијата за амандманот рече дека е непотребен со оглед дека во Уставот веќе го гарантира суверенитот и оти Македонија никогаш немала територијални претензии.

Паретниците од ВМРО-ДПМНЕ денеска го повторија ставот дека уставните измени и целиот процес кој се води околу тоа во Собранеито е нелегитимен.

„Ние 120 пратеници немаме мандат ова да го тераме. Ова што го работиме овде е надвор од Закон, надвор од Устав“, изјави Зоран Илиоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Министерот за надворешни работи во неколку наврати од опозицијата беше прашан дали и кога во Грција ќе има уставни измени за да се гарантира територијалниот интегритет на Македонија.

На дневен ред на Комсијата за уставни прашања останат е последниот од четирите предложени амандамни кој се однесува на правата и грижата на Македонија за припадниците на македонскиот народ кои живеат во странство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This