Услови за влез во 10 држави

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Очигледно, одењето на годишен одмор оваа година ќе биде полесно од минатото лето, бидејќи најголем дел од земјите во кои летуваат граѓаните од овој регион ги олеснија условите за пристигнување на туристи.

Некои од нив, како Црна Гора и Албанија, дозволуваат влез без посебни услови, додека во останатите земји, со исклучок на Египет, може да се влезе со доказ за вакцинација или прележана инфекција од ковид-19.

Подолу можете да видите што е потребно за влез во десет земји доколку планирате да поминете одмор во некоја од тие туристички дестинации.

На земјите кои дозволуваат влез на вакцинирани граѓани им се придружи Шпанија, која ги прифаќа сите вакцини, освен Спутник V од 7 јуни, под услов да поминале 14 дена од ревакцинацијата. Исто така, во Шпанија може да влезат лица со постојан престој, со виза за подолг престој, студенти со визи и дипломатски персонал со цел извршување на своите должности. Влегувањето во Шпанија за овие категории граѓани е можно со негативен ПЦР тест или антигенски тест, се прифаќа и доказ за прележана ковид – 19 инфекција, додека за деца под шест години нема ограничувања доколку се во придружба на вакцинирани родители.

Од 9 јуни, граѓаните ќе можат да влезат во Франција, но само под услов да бидат вакцинирани најмалку 14 дена пред патувањето, исклучиво со вакцините Фајзер и АстраЗенека. Покрај тоа, дури и вакцинираните граѓани мораат да имаат негативен PCR или антигенски тест, не постар од 72 часа.

Египет исто така има строги услови за влез во земјата, во која може да се влезе само со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа. Ова се однесува на сите патници, а тестирањето е задолжително и за деца постари од шест години.

Меѓутоа, ако не сте во можност да направите ПЦР тест во вашата земја, можете да го направите во Египет по слетување на авионот, по цена од 30 американски долари, но секако треба да се земе предвид ризикот од позитивен резултат на тестот.

Од 14 мај, нашите туристи можат да влезат во Грција, со авион или преку граничниот премин Богородица (работно време 7-23).

Грција е една од петте земји што досега го признаа дигиталниот зелен сертификат, кој вклучува податоци за вакцинација, ПЦР или антигенски тест, како и доказ за прележан ковид-19. Официјално, Грците признаваат само негативен ПЦР тест не постар од 72 часа.

На сите граѓани вакцинирани со две дози од која било вакцина им е дозволено да влезат во Грција без негативен тест за PCR, под услов да поминале најмалку 14 дена од ревакцинацијата, како и оние кои имаат доказ дека прележале ковид-19 во период од два до девет месеци пред да влезат во Грција.

Сите патници подлежат на брзо тестирање на граничниот премин, а доколку тестот е позитивен, задолжителна е 14-дневна изолација во објект по избор на патниците. ПЦР тестот е задолжителен за деца постари од шест години.

За разлика од Грција, Турција дозволува влез без ПЦР-тест на сите малолетници кои доаѓаат во придружба на вакцинирани родители, под услов да поминале најмалку 14 дена од ревакцинацијата.

Во Хрватска, децата на возраст под дванаесет години се ослободени од ПЦР тест доколку се придружени од родител или старател кој има негативен ПЦР тест или антигенски тест, или потврда дека биле вакцинирани со две дози од која било вакцина (со поминати најмалку 14 дена од ревакцинацијата), или доказ дека прележале ковид-19.

Деца на возраст под дванаесет години не се обврзани да имаат ПЦР тест во Тунис, додека во Бугарија возрасната граница за влез без тест е пет години.

Кипар дозволува влез на патници кои примиле две дози на која било вакцина против ковид-19, децата на возраст под 12 г. не се обврзани да имаат ПЦР тест, а за сите невакцинирани туристи неопходен е ПЦР тест, кој е потребно да се повтори по доаѓањето на островот, т.е. на аеродромот. Цената е околу 3 евра, а времето на чекање резултати е околу 4 часа.

Словенија исто така одобрува влез под услов патниците втората доза од вакцините Спутник V или Синофарм да ја примиле најмалку 14 дена пред патувањето (седум дена од втората доза се доволни за Фајзер, и 21 ден од првата доза за AстраЗенека), или да имаат позитивен ПЦР тест постар од десет дена, а не постар од 180 дена. На другите граѓани потребен им е негативен ПЦР или антигенски тест не постар од 48 часа, а деца на возраст до 15 г. се ослободени од ваквото тестирање.

Повеќето земји каде летуваат нашите граѓани пропишуваат и обврска за пополнување на посебни обрасци, кои мора да бидат прикажани при влез во земјата. Влегувањето во Хрватска од туристички причини е дозволено само со потврда за платено сместување или доказ за сопственост на куќа, стан или брод во таа земја.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This