УШТЕ ЕДЕН НАПАД СО НОЖ ВО СКОПЈЕ: Шеснаесетгодишно момче повредено откако сакале да го ограбат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во обид за грабеж, 16-годишно момче со тврд предмет било прободено во десната нога. Напаѓачите прво му побарале пари, а потоа му нанеле убодна рана. Момчето било згрижено на клиниките во Скопје.

Како што соопшти МВР, вчера во 17:55 часот во Единицата за информации и команда Скопје било пријавено од страна на Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ дека кај нив е донесено повредено 16-годишно момче од Скопје.

Околу 15:30 часот, додека малолетникот се движел по улицата „Анастас Митрев“ бил пресретнат од неколку непознати лица кои му побарале пари. Откако им кажал дека нема пари, тие го турнале и со тврд остар предмет му нанеле убодна рана во десната нога.

МВР презема мерки за пронаоѓање на напаѓачите и за целосно расчистување на случајот.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This