УШТЕ ЕДЕН ОД „ШАРЕНИТЕ“ ГО ПРОДАДЕ КУЧАТА: Венко Глигоров го прозва Јани Макрадули дека „само кука за пари“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јас мислам дека се сосема доволни за одлични ефекти.

Заменикот министер некни изјавил дека не може многу да се направи со 2м евра годишен буџет. Прочитав на некои од порталите. Дали е тоа така, да се запрашаме? Еве го мојот предлог.

Ако Скопје има 5 реони со 5 градоначалници-општини, тогаш Министерството може да креира 5 мобилни екипи кои ќе работат во три смени (24×7) и кои ќе патролираат низ своите реони и ќе пријавуваат или стопираат евидентни случаи на акутни загадувања. Тие треба да имаат и непречен влез во просториите на Дрисла, Топлификација, Железара, Усје, на пример. Како бекап тим, во МВР мора да има контролен центар кој ќе може да делува веднаш за да се отстранат или приведат загадувачите. На готовс да бидат и пожарникарски екипи за брзо гаснење на диви депонии.

Моја претпоставка е дека секој реонски тим би имал 10 луѓе (1x менаџер, 3x диспечер, и 6x патролни лица) што ќе значи 50 луѓе вкупно. Ако имаат плата од 500 евра (плус минус) тоа со придонеси и другi давачки би било да речеме 1000 евра. 50 x 1000 = 50.000 евра месечно или 600.000 евра годишно.

За оперативни трошоци на овие тимови да одделиме 100.000 евра годишно. Уште 200.000 евра за 5 возила и “апаратура” за справување со рaзни ситуации (овие 200.000 евра се даваат првата година и наредни 5 до десет години не се дава ништо или многу малку за одржување).

Остануваат уште 100.000 евра до милион евра. Тие може да бидат определени за награден фонд на тимовите или за граѓаните што ќе пријавуваат енормни загадувачи. Да, и тоа може. За да не бидат на норма за казнувања самите тимови, тие може да бидат наградувани ако месецот или годината го намалат просечното загадување за половина, на пример. Значи ќе бидат мотивирани да се грижат за животната средина без да им се мерат колку загадувачи “казниле” месецот како што тоа многу вулгарно го прават нашите “драги” цајкани.

Тоа беа милион евра. Останатиот милион евра се распределува во Тетово, Битола и другите општини кај што има големо загадување.

Ова е планот, замениче министре. Не сум платен да правам план, а го направив утрово. А ти си платен да се грижиш за животната средина, а освен по конференции и кукање дека немаш пари – не видовме ништо конкретно. Ако овој план се прифати, на него ќе се налепат донации од разни места. Е сега, проблем е што не може да има аванта бидејќи нема да има тендер за крупни набавки, но барем ќе направиш нешто добро и здраво за себе и за своите најблиски, ако ништо друго.

Венко Глигоров
Фокус.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This