УШТЕ ЕДЕН СКАНДАЛ ВО КАБИНЕТОТ НА ЗАЕВ: Новинар преку ден работи во телевизија, навечер е советник на Заев во влада

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ѓорги Калајџиев, новинар кој има своја емисија на телевизија ВИС од Струмица, во исто време е ангажиран да биде советник на премиерот Зоран Заев – покажува листата на советници која ја соопштија од владата.

Во новинарството практично е непознато во исто време да се биде и новинар и политички функционер, ако се знае дека работа на новинарите е токму да известуваат за прашањата од јавен интерес и работата на политичките функционери, па се отвора скандал и се поставува прашањето: Дали можеби зо советнички хонорар се плаќа владина пропаганда.

Лидер се обиде да стапи во контакт со господинот Калајџиев, кој сакавме да го прашаме дали не смета дека во неговата функција постои конфликт на интереси.

-Јас сум само водител на емисија, за се обратете се кај владиниот портпарол Миле Бошњаковски – ни рече Ѓорги Калајџиев во краткиот телефонски разговор.

Но, краткото истражување ни покажа дека Калајџиев до скоро бил одговорен уредник на ТВ Вис, а во моментов на нивната веб страница, оваа Струмичка телевизија не е објавен импресум и не е наведено дали можеби тој сеуште е одговорен уредник.

Доколку се расчепка подетално, ќе се види дека токму кај Калајџиев, премиерот Заев ги имал најголем дел од своите гостувања на оваа струмичка локална телевизија.

Побаравме коментар и од владата. Владиниот портпарол Миле Бошњаковски не замоли за коментар и подетални податоци околу ангажманот на Калајџиев да почекаме до утре, со оглед на тоа дека коментарот го бараме попладне а него ќе му треба време од владините служби да побара подароци. Чим добиеме одговор од Бошњаковски, него целосно ќе го објавиме.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This