УШТЕ ЕДЕН CKAHДАЛ ВО АГЕНЦИЈАТА ЗА PAЗУHABAЊЕ: Претставник на АР во Брисел пoвлeчeн во Македонија поради aгpecивно однесување

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претставникот на Агенцијата за разузнавање во рамки на Постојаната Мисија на Македонија во ЕУ со седиште во Брисел e повлечен после само една година од својот дипломатски мандат.

Повлекувањето, според дипломатски извори следува откако дел од земјите чии дипломатите имале контакти со претставникот на АР се пожалиле на неговиот агресивен пристап при средбите кои ги имале со него на билатерални или мултилатерални настани. Иако директорот Ерол Муслиу силно застанал при именувањето на овој претставник во Брисел и по првите реакции сеуште го бранел, сепак набргу потоа уследил уште еден скандал кој ја прелил чашата. Претставникот на АР бил уапсен од белгиската полиција заедно со уште еден свој колега дојден од Скопје поради панично и сомнително однесување по белгиските улици.

Што навистина се случило?

Двајцата биле присутни на настан организиран од НАТО поврзан со руското влијание во Европа и на Балканот. Откако ја одржале својата презентација кај нив настапила параноја дека се следени од група агенти на руските служби. Во оваа малку трагикомична ситуација двајцата започнале да ги уништуваат службените документи и презентацијата во хотелот во кој престојувале, а кој се наоѓал во непосредна близина на седиштето на НАТО. Откако дел од документите ги пуштиле во тоалетната школка во хотелската соба и ја заглавиле целата канализација на хотелот, со другите документи излегле на улица и започнале со нивно кинење и фрлање по кантите за отпадоци. Ова нивно однесување по улица во непосредна близина на седиштето на НАТО веднаш било забележано од видео камерите за јавен надзор на бриселската полиција по што по нив биле упатени полицајци во цивил. Откако забележале дека биле следени, ама овојпат вистински, но од белгиски полицајци во цивил, нивната параноја уште толку се зголемила па влегле во познат синџир на продавници за спортска облека. Со своето однесување во тоалетот, повторно го заглавиле одводот поради фрлање документи во веце школката, веднаш го кренале вниманието на вработените во продавницата и обезбедувањето. Полицијата веќе била повикана и бидејќи биле во нивна непосредна близина поради претходното однесување веднаш биле задржани и упатени кон полициска станица. Тука почнале да се објаснуваат кои се всушност, за што се дојдени, каде се сместени и слично. Кога биле вратени во хотел да ја покажат поканата дека се на НАТО настан, белгиската полиција ги пуштила но за настанот официјално го известила НАТО и македонската амбасада во Брисел.

Иако за скандалот Муслиу најпрво жестоко го бранел претставникот, сепак после реакциите за неговото однесување од страна на земјите чии дипломатски претставници се жалеле од однесувањето на претставникот на АР, решава да го повлече дури во октомври иако скандалите биле во низа уште на почетокот на летото.

Останува нејасно зошто Претседателот, Владата МНР и директорот на АР се обидуваат да забошотат трет по низа скандал во македонските дипломатски мисии во Брисел откако со албански знамиња се сликаше претставникот на СЕП во НАТО, а во комбето на мисијата во ЕУ шоферот на амбасадата беше жив фатен со поставена опрема за снимање на разговори на сите што се возат во ова возило.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This