Четворицата германски експерти, кои треба да помогнат во истрагата и да ги утврдат причинирте за пожарот во модуларната болница во Тетово во која животот го загубија 14 лица, сè уште не се пристигнати, иако од трагедијата поминаа седум дена.
Денеска четворицата експерти не се пристигнати. Очекуваме тие да пристигнат деновиве, изјави на денешната пресконференција владиниот портпарол Душко Арсовски.
На прашањето до каде е истрагата, Арсовски ги упати новинарите одговорите да ги побараат од надлежните истражни органи, кои, според него, функционираат независно од извршната власт.
И ние апелираме истрагата да се заврши што побрзо до надлежните органи, рече Арсовски.