Уcпeшнo oпepиpaн paкoметарот Дејан Манасков во клиничкaтa бoлница „Аџибaдeм Cиcтинa“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Познатиот ракометар и македонски репрезентативец Дејан Манасков се чувствува одлично по операцијата на коленото што ја направи во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. По интервенцијата ќе следи рехабилитација, а самиот вели дека сè поминало во најдобар ред и дека очекува брзо да се врати на теренот. Манасков во моментов игра за унгарски Веспрем, а имаше повреда на десното колено.

„Се чувствувам одлично, операцијата помина во најдобар ред. За ваква повреда се чека шест месеци, а јас се надевам дека ќе бидам подготвен да се вратам на теренот“, вели Дејан Манасков.

Интервенцијата ја изведе д-р Михајло Ивановски, специјалист ортопед, со кого Манасков добро се познава поради ангажманот во клубот и репрезентацијата каде што д-р Ивановски е дел од медицинскиот тим. Односот на доверба и професионалност бил клучен за помош да се обрати токму во „Аџибадем Систина“. Манасков вели дека верувал во докторот.

Д-р Ивановски објаснува дека имал скинат преден вкрстен лигамент, а интервенцијата е изведенa со техника all inside.

„Земена е само една тетива (ST) и направен е нов лигамент. По три месеци Манасков ќе биде повторно спремен да се врати да вежба, да трча, а целосно закрепнување очекуваме за шест месеци“, вели д-р Ивановски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This