ФАБРИКА ЗА ПОЛИТИЧКИ ПРОГОН: СЈО предложи над 1.500 докази против Сеад Кочан и останатите обвинети во „Труст“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Обвинителите на СЈО во Кривичниот суд денеска презентираа 1.560 докази на 81 страна во рамки на обвинението за залоупотреба на 17 милиони евра преку јавна набавка на АД ЕЛЕМ за ископ на јаглен и јаловина за потребите на РЕК Битола. Судењето утринава беше паузирано два часа за да може СЈО да и донесе на одбраната по еден примерок од доказите.

Меѓу доказниот материјал е документација од тендерската постапка прибавена од РЕК Битола, фактури од извршената уплата при јавната набавка, сметки на „Трасмет“ во кои се гледа салдото на фирмата, бројот на вработени во обвинетите фирми и.т.н. Како докази се приложени и три прислушувани разговори, од кои два се меѓу поранешниот генерален секретар Кирил Божиновски и поранешниот директор на ЕЛЕМ, Влатко Чинговски.

На судењето е присутен провообвинетиот Сеад Кочан, поранешен сопственик на „Трансмет“. Денеска на рочиштето во Кривичниот суд треба да биде сослушан и сведок, управител на фирмата „Силекс неметали“.

Судијката Лидија Трајковска Зимбовска претходно рече дека очекува денешното рочиште да трае до крајот на работното време.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This