Феномен кој не е виден од средниот век: Најголемите планети во сончевиот систем ќе се доближат на неверојатно мало растојание

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Астрономите од американскиот универзитет „Рајс“ објавија дека за прв пат по 800 години, најголемита планети во Сончевиот систем, Јупитер и Сатурн, ќе се приближат една до друга на минималното растојание на 21 декември. Интернетот и социјалните мрежи зујат за овој феномен со месеци.

Патрик Хартиган, еден од истражувачите на вселената, објаснува дека конвергенцијата помеѓу овие планети се случува приближно еднаш во 20 години, но тие два децениски циклуси не донеле слично приближување веќе подолго време, пренесува „Дејли меил“.

Настан кој не е виден осум века, секако заслужува внимание. „Треба да се вратиме, ако е можно, во самата зора на 4 март 1226 година, за да ја видиме поблиската позиција на Јупитер и Сатурн“, истакнува Хартиган. 

Кога ќе го достигне својот врв, помеѓу 16 декември и Божиќ според Грегоријанскиот календар, растојанието меѓу нив ќе биде помало од ширината на полна месечина.

Доколку дозволуваат временските услови, феноменот ќе биде видлив од каде било на Земјата, а најдобри услови за тоа ќе бидат териториите на земјите околу екваторот.

Многумина веќе се заинтересирани за овој космички настан, а оние што ги проучуваат небесните услови во ова гледаат навестување за ново време или т.н. ерата на Водолија. Следниот пат кога Јупитер и Сатурн ќе се доближат толку е само на 15 март 2080 година – кога ќе бидат повеќе на небото и ќе бидат видливи подолго.

Следната ваква врска помеѓу овие две небесни тела после тоа ќе биде само по 2400 година.„Вечерта на 21 декември, феноменот ќе изгледа како двојна планета, одделена со само една петтина од дијаметарот на полна месечина“, додаде професорот Хартиган.

Професорот Хартиган забележал дека планетарното дуо ќе се појавува ниско на западното небо околу зајдисонце секоја вечер – и треба да биде доволно светло за да може да се види во самракот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This