Финансиска помош за ФК Пелистер

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Познатиот битолски претприемач и филантроп Христо Кондовски поведe лична иницијатива за „реанимирање“ на најголемата битолска спортска гордост, ФК Пелистер. Претседателот на Одборот на директори на најголемото осигурително брокерско друштво во земјата, СН Осигурителен брокер АД Битола, акционер и член на највисоките органи на управување, генерално, во СН Групацијата, истовремено несебичен поддржувач на бројни спортски, културни, образовни, здравстени инцијативи и проекти во земјава, поведен од неодамна јавно изнесените наводи во битолската јавност за тешката состојба во ФК Пелистер и информациите за можна продажба на клубот на странски инвеститор одлучи своите финанскиски и стручни капацитети да ги вложи во зачувување на најпрепознатливиот битолски спортски колектив на битолско тло.

Динамиката на својата иницијатива битолскиот бизнисмен ја организира по принцип „Дејствување не ветување“ па првиот потег кој Кондовски без одолговлекување го повлекува денес е доделување на спонзорство од половина милион денари на фудбалскиот клуб Пелистер од носечкото друшттво во СН Групацијата СН Осигурителен брокер АД Битола како финансиска инјекција за клубот која би ги надминала најакутните финанскиски предизвици со кои се соочува спортскиот клуб.

Вториот и сигурно најзначајниот чекор кој познатиот претприемач го повлекува во рамки на својата иницијатива за ФК Пелистер е создавање на можност успехот, стабилноста и цврстината на СН Групацијата и СН Осигурителен брокер АД Битола, несомнено професионални дела на Кондовски и неговите партнери, да застане позади битолскиот фудбалски бренд.

Имено, паралелно со доделувањето на спонзорството од половина милион денари, денес СН Осигурителен брокер АД Битола преку својот претседател на одбор на директори потпишува меморандум за соработка со ФК Пелистер, кој ќе овозможи финансиско-правно скенирање на клубот заради анализа на можноста овој фудбалски клуб со статус на акционерско друштво да биде сопственички преземен од СН Осигурителен брокер АД Битола преку откуп на контролен пакет акции од 75%.

Во периодов кој ќе следи по склучувањето на овој меморандум заклучно со 25 август 2021 година, стручни тимови на СН Осигурителен брокер АД Битола на чело со Кондовски ќе ги анализирааат состојбите во клубот во обид да дефинираат постоење на можност за реализација на оваа аквизиција која во перспектива би овозможила ФК Пелистер да остане битолски клуб и битолски расадник на брилијантни фудбалски имиња.

ФК Пелистер во изминатиов период под раководство на мнозинскиот сопственик и генерален извршен директор Пеце Стојчевски оствари значителен напредок и го задржа својот статус на прволигаш, но сега сопственикот и стручната јавност се согласни дека му е потребен посилен инпут за решавање на актуелните проблеми и постигнување на нови висини.

Бизнисменот и филантроп Кондовски истакнува дека искрено посакува што поскоро завршување на овие отпочнати процеси како би имал прилика на своите битолчани да им соопшти уште убави вести кои во овие тешки и предизвикувачки мигови среде глобална криза во сите сфери и тоа како се потребни.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This