Фокусот на идната влада ќе биде во економијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Фокусот на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде исклучиво во економијата”, нагласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски гостувајќи во дебатната емисија на телевизија 24.

Мицкоски додаде дека фокусот се става во економијата бидејќи силна економска држава може да биде држава која што практично ќе ги обединува и чувствата на луѓето но и амбициите на луѓето.

„За да дојдеме ние до тоа нас ние потребно најпрвин да обезбедиме правна држава. Тоа е многу важно. Сите комори истото тоа го посочија. Ние немаме вика во моментов правна сигурност за нашите инвестиции. Второ, немаме предвидливи економски политики. Зошто немаме предвидливи? Затоа што денес се носи прогресивниот данок, утре се укинува, едноставно ние не можеме да ги планираме нашите бизнис планови за во иднина. Понатаму, немаме доволно квалитетна и квалификувана работна сила, пред се мислам на високо образование, и средно образование, занаетчии да бидам попрецизен. Денес во нашата држава не можете да најдете заварувач. Да излезете на пазар на труд и да понудите плата не знам колку вие не можете да најдете заварувач бидејќи ги нема. И тие што биле заварувачи поискусни заминале надвор од државата и сега се некаде на друго место”, појасни Мицкоски.

Мицкоски посочи дека владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ главен акцент и фокус ќе стави на економијата и на бизнис секторот. Со стабилна економија, граѓаните ќе бидат посреќни.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This