(ФОТО)„БАДНИКОВИ ПОВОРКИ“:Македонската естрада со божиќната песна „Небо и земја„ ја продолжуваат и оваа година манифестацијата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Минатата година беше возобновена манифестација „Бадникови поворки“, која на 6 јануари се случуваше низ улиците на сите градови во Македонија како возобновена православна традиција која свечено, величествено и достоинствено го најавува Христовото раѓање. Дури по тој повод беше снимена и песната „Вечниот Бог“, која ја изведуваа македонските музички ѕвезди меѓу кои беа и Лозано и Димитар, како и Елена Ристевска, Викторија Лоба, Тамара, Даниел Кајмакоски, Некст Тајм, заедно со Златните славејчиња.

Годинава манифестацијата продолжува да живее, а речиси истата екипа ја снимаше новата божиќна песна и видеоспотот за неа, кој премиерно треба да биде промовиран наскоро.

„Небо и земја“ е насловот на божиќната песна што ја снимија македонските пејачи: Елена Ристеска, Влатко Лозаноски, Стефан Филиповски (Некст тајм), Димитар Андоновски, Викторија Лоба и Вера Милошевска-Јосифовска од групата „Љубојна“.

Ова е трета божиќна песна од нашата естрада и доаѓа по двете верзии на „Вечниот Бог“, која заедно со новата „Небо и земја“ како и останатите бадникови песни, коледарските дружини во „бадниковите поворки“ ќе ги пејат и овој Бадник… Свечено и величествено, за радосно и достоинствено најавување на Христовото раѓање.
Извор:вистина.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This