(Фото+Видео) Големо археолошко откритие во Пиринска Македонија: Град основан од Филип, од каде Александар Македонски ги започна вoeните пoxoди

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Хераклеа Синтика е градот на македонските цареви, кој се наоѓа Пиринска Македонија. Пред месец дена таму започнаа масовни археолошки истражувања.

Античкиот граво близината на Петрич, имал свој градски совет и во типично римски стил бил сведок на едно братоубиство, бил уништен од земјотрес, а Ванѓа сметала дека тука е погребан македонски цар.

Античкиот град кој почнал да се открива при ископувањата во 2007 година, се наоѓа меѓу селото Рупите и истоимената област, каде што во малата куќа Баба Ванѓа примаше посетители. Признаена како пророчица, како и Нострадамус и Едгар Кејси, Ванѓа тврдеше дека под Рупите има древен град, уништен од природна катаклизма, пишува БГНЕС.

Античкиот град по ископувањата, малку по малку започнува да ги разоткрива своите тајни. Сместен во југозападниот крај на планината Кожуф, градот опстојувал десет века, од 4 век п.н.е до 6 век по Христа. Во 340 година п.н.е. со градот завладеал таткото на Александар Македонски-Филип Втори, кој тука доаѓал за лов на лавови. Тука син му Персеј го убил својот брат Деметриј за да не му ја презема круната. Престолнината на Средна Струма и на македонските цареви, во која живееле Тракијци, Македонци, Грци, Келти и Илири, ја срамнил земјотрес во 383-388 година. Но, и покрај големите разрушувања, градот опстана уште два века.

Тој град го основал таткото на Александар, кралот Филип Втори Македонски и постоел 800 години. Именуван е по славниот антички јунак Херакле. Од тука своите походи на 16 години ги започнал Александар Македонски против тракиското племе Меди.

За таа славна историја постојат низа артефакти. Последната етапа од истражувањата започнаа под раководство на проф. Људмил Вагалински од БАН. Изненадува откритието на скултура на бик поврзана со култот на богот Митра.

„Во последната етапа од истражувањата, продолжуваме со работа на централниот плоштад – форумот. Третина од тимот искупува и на акрополата. Со работата на западната страна на плоштадот, сакаме да ја затвриме историјата на градот, за тоа кога и како и што се случило. Некои од наодите како да сакаат сами да се откријат. Како сами да доаѓаат при нас. Како што е глинениот печат на Елиј Лупус, со ликот на Александар Македонски“, објасни археологот.

На печатот има рејлеф од Александар Македонски, со лав на главата наместо шлем. Така Александар е претставен на местото на Херакле. Александар бил во градот во 340 година пред Христос. Легендата говори дека во градот бил и Херакле.

Интересно е што тука е скултура и на богот Митра, ирански – персиски бог. Што говори дека походот на Александар во Персија бил вносен и за овој град. Богатства од истокот биле донесени и тука во Хераклеја Синтика. Дури се говори дека тука бил изграден и храм на богот на светлината и темнината Митра.

Во градот има слоеви од античко македонскиот период, рискиот период и покасно. Тоа прави истражувањата да бидат комплицирани. Се очекуваат многу други артефакти за животот на Македонскиот Цар Александар трети Македонски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This