(Фото) Вистинска зимска идила утрово на планината Бистра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Утрово снег има на високиот дел од Маврово, на планината Бистра, додека засега камерите не забележуваат снег на Попова Шапка.

Времето денес изутрина е студено и ветровито.

Преку денот ќе биде облачно и ќе дува засилен северен ветер најизразен долж Повардарието и на поголемите височини. Во западните делови и на север на планините ќе има услови за појава на краткотраен снег, а понекаде во долините е можен слаб дожд, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од минус 5 до 3, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно и ќе дува засилен северен ветер. Во некои повисоки делови од регионот ќе има провејување на слаб снег. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 6 степени.

Од недела времето повторно ќе биде стабилно, но со пониски утрински температури, кои во поголем дел од земјава ќе се спуштаат под минус 5 степени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This