(Фото) Вријат социјалните мрежи: Чак Норис забележан на пpoтестот во Вашингтон?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дали Чак Норис бил на протестот во Вашингтон, е прашање поставено од бројни корисници на социјалните мрежи, откако на Твитер се појави фотографија од демонстрант кој многу личи на познат актер.

Протест во Вашингтон на 6 јануари за поддршка на американскиот претседател Доналд Трамп, кој ги оспорува изборните резултати, во моментот кога Конгресот ги провери резултатите од Изборниот колеџ и победата на eо Бајден, се претвори во немири кога демонстрантите упаднаа во зградата на Конгресот.

Сепак, неколку дена после тоа, на социјалните мрежи се појави фотографија од протестот, во која се вели дека станува збор за актерот Чак Норис, познат по филмови за воени вештини, но и по филмови и серии во кои тој игра „силни момци“.

Фотографијата наскоро стана „вирусна“, а многу корисници на социјалните мрежи се прашуваа дали навистина станува збор за Чак Норис, чиј лик стана глобален предмет на шеги за неговата нереална супериорност во секоја смисла.

Некои корисници беа воодушевени од идејата дека Чак Норис дојде да го поддржи Доналд Трамп, додека други го осудија за тоа.

Некои, пак, тврдеа дека тоа всушност не е Чак Норис , туку само човек што личи на него.

Некои, алудирајќи на неговата улога како ренџер од Тексас, тврдеа дека Чак Норис всушност ќе учествува во одбраната на Конгресот од демонстрантите.

Имаше и такви кои, во согласност со шегите, чиј носител е Чак Норис, го искористија „аргументот“ дека Вашингтон ќе биде „целосно уништен“ доколку Чак Норис е со нив.

Некои, сепак, тврдеа дека е невозможно Чак Норис да дојде на масовниот собир, бидејќи има 80 години и би било многу ризично да добие вирус корона.

Самиот актер не објави дали навистина бил присутен на протестот за поддршка на Доналд Трамп, иако е познато дека тој е симпатизер на Републиканците.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This