- Advertisement -
Пред почетокот на мечот со Холандија, кој е и последен за најдобриот македонски фудбалски репрезентативец, Горан Пандев доби холандски дрес од страна на капитенот на „лалињата“, Џорџино Вајналдум.
Фудбалерот на Барселона му подари дрес со името на Пандев и број 122, колку што натпревари одигра во „жолто-црвениот“ дрес.