March 29, 2024, 12:58 pm

(Фото) Гyжвa нa гpaничнитe пpeмини – eвe кaквa e cocтojбaтa нa „Богородица“ oткaкo пpeминoт пoвтopнo ce oтвopи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На Г.П. Табановце за влез во државата се чека од 30 до 40 минути.

Поголемо задржување е забележано и на ГП Ќафасан и ГП Богорoдица откако граничниот премин беше повторно отворен. Истиот претходно беше затворен поради пожар во близина. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This