(Фото) Дрво нема да остане во Скопје: Багерите на Златко Марин одново во jyриш

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Само неколку дена по протестот на жителите од населбата Мичурин во општина Аеродром против уништувањето на спортскиот терен во училиштето „Блаже Конески“ за изградба на нова градинка, багерите на градоначалникот Златко Марин се ставија одново во јуриш.

Изутринава се обележа плацот во непосредна близина на училиштето „Браќа Миладиновци“ во Острово на улицата 23 Октомври“, а пристигнатиот багер треба да го расчисти теренот со уривање на остатоците од некогашната самопослуга на „Центро“, а подоцна и кафеана „Крезмак“.

Со ова, градоначалникот Златко Марин не одржа уште едно предизборно ветување. Сукцесивно, исто како што вети дека ќе го разгледа и договорот вреден 72.000 евра за негова пи-ар промоција.

Пред локалните избори Марин вети дека нема да дозволи да се гради нова зграда на овој плац. А, за таа цел станарите од блиските згради собираа и потписи. Со ДУП-от беше предвидено изградба на осумкатница. Но, очигледно потписите и заложбите на Марин биле со цел само да се добијат изборите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This