(Фото) Како тоа ДУИ „тепаше“ во Вевчани?!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Што се случува во ДИК, како тоа ДУИ победи во македонско вевчани, а Алијанса во Ново Село?! Повеќе од 4 часа во текот на вчерашната вечер не работеше системот на ДИК кој според кажувањата на портпаролот на Државната изборна комисија, но и претседателот Оливер Дерковски бил мета на хакерски напад.

Попладнево Дерковски истакна дека финалните резултати од гласањето се уште не се официјализирани со оглед на фактот што во системот можат да се забележат многу нелогичности и неконзистентности со официјалните записници и електронското претставување на бројот на гласови за политичките партии.

Па така во Вевчани на изборно место 1922 апсолутна победа наводно однела ДУИ…

 

Но реалноста според официјалните записници на ДИК е дека на ова изборно место ДУИ нема ниту еден глас, а победник е ВМРО-ДПМНЕ…

Она што е неверојатно е што според електронскиот систем на броење на гласови во Ново Село убедлива победа на избирачко место однела Алијансата за Албанците.

И ова е само дел од неконзистентностите помеѓу записниците и електронски пребројаните гласови на политичките партии.

„Интересни случувања“ имаме и во Кисела Вода на избирачко место 2788 каде според електронскиот систем за пребројување на гласови Никола Димитров има 255 гласа, а во реалност на официјалниот записник има само 80 гласови!

На гласачко место пак 2794 ниту една од бројките од официјалниот записник не се поклопува со бројката на гласови во официјалниот записник.

Се поставува прашањето дали македонскиот народ во текот на вчерашниот беше сведок на невидена изборна измама, дали киселата насмевка на Зоран Заев на вчерашната прес конференција беше поради фактот што и самиот знаеше дека во позадина се случува невидена кражба на гласови.

Според извори на Канал 5 хаосот со електронското броење на гласови е дотолку голем што 80 илјади гласови на граѓаните се погрешно распределени. Според Дерковски официјалните бројки ќе ги дознаеме денес после 18:00  часот!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This