(Фото) НЕМА ПРАВДА, НЕМА МИР: Кичеец фотографиран како ужива во сонцето на охридското крајбрежје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Социјалните мрежи ги преплавија фотографии од второобвинетиот, веќе осуден за случајот „Рекет“, Зоран Милески Кичеец. Еден од главните ликови во аферата од пред еден месец е слободен човек и е затекнат како ужива во сончевиот ден на охридското крајбрежје.

Инаку Кичеец уште вториот ден од судењето за „Рекет“ ја доби својата затворска казна во времетраење од 3 години признавајќи вина. Ваквата млака казна креираше атмосфера на зачуденост кај правната фела, но зачудувачки беше односот кон него од страна на правосудните органи уште од првиот ден. Тој беше првиот тогаш осомничен за „Рекет“ кој заврши во куќен притвор, а по него дома замина и екс „специјалката“, Катица Јанева, додека Бојан Јовановски до ден денес е во ефективен притвор.

Сепак она што беше најсомнително е што во време на вонредната состојба и пик на епидемијата на коронавирусот на Милески му беше укинат и домашниот притвор. Се поставува прашањето со што Кичеец го заслужи привилегираниот статус во случајот?

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This