(ФОТО) НЕРЕАЛНО НЕБО НАД СИБИР: Величествени моменти фатени со фото-апарат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Го напуштила градот и ги одвела децата во природа, каде сега со фото-апарат бележи величествени моменти, а оваа фотографија од небото над Сибир е вистинска реткост.

Пред околу 20 години Светлана Казина ја напуштила работата во град за да ја следи љубовта кон природата. Таа и нејзините две деца се преселиле во дрвена колиба во планинското село Узнезија во рускиот округ Алтај, во близина на границата со Казахстан, пишува “Bored Panda”.

Нивниот нов дом е изграден пред речиси седум децении, а бил без греење, бања и вода. Но, имало нешто што градот не можел да им понуди – мир.

https://www.instagram.com/p/B5SqawbokiS/?utm_source=ig_web_copy_link

Како минувало времето, планините станале дом на Светлана. Таа ги набљудува, ужива во нив и ги фотографира, а фотографиите од глетките кои го одземаат здивот го споделува на своите профили на социјалните мрежи, со сите кои сакаат да ги видат.

Неодамна патувањето на Светлана на највисокиот врв на Сибир резултирало со единствени фотографии. Истражувајќи го подрачјето околу планината Белукха, успеала со својот објектив да забележи оптички феномен со неверојатни бои на облаците, кои настанале поради малите капки вода и кристалите мраз кои поединечно ја прекршуваат светлината.

https://www.instagram.com/p/B59iGuYodz6/?utm_source=ig_web_copy_link

Како што вели самата, дури ни долгото патување не ја спречува да ужива во природата. Од местата каде живее потребен е еден ден со автомобил до селото во близина, каде патот завршува, а потоа два дена пешачење или на коњ до долината Ак-Кем и уште ден и пол до подножјето на планината.

Во тоа подрачје се наоѓаат две метеоролошки станици, па во текот на својот престој Светлана се дружела со метеоролози, спасувачи и пилоти.

Иако во главно ја фотографира природата и околните места во кои живее, на профилот на Казина може да се најдат и некои фотографии од природата од нашиот регион.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This