(Фото) Охрид тoнe во ѓyбpe – Кoмунaлнитe инcпeктоpи „зacпани“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Затворените граници и зголемениот број на заразени од корона вирусот не ги спречи македонските граѓани да летуваат во Охрид. Во отсуство на странски гости, центарот на градот но и други познати локации како шеталиштето вчера вечер беа затрупани со ѓубре.

Од фотографиите кои што се објавија на социјалните мрежи може да се забележи грда слика на расфрлан отпад насекаде, со кое се нотира негрижата за околината, чистотата и јавната хигиена. Загрижува и фактот што градските власти во Охрид наместо да се организираат преку службата на ЈП Комуналец и во текот на ноќта да го исчистат градот, сепак чекале да се раздени за да се собери расфрланото ѓубре.

Нема информации ниту дали комуналните инспектори спроведуваат инспекциски надзор и дали и на колкумина лица до сега им се изречени казни како и што се прави за организирана заштита на природата и чистотата на градот.

Не смее да не изненади фактот доколку во следниот период Охрид стане град кој што тоне во ѓубре, ако се земе во предвид дека во летниот период поради зголемениот број на туристи овој град е еден од најпосетуваните, но тоа исто не значи дека локалните власт не смеат да се грижат и навремено да реагираат за заштита на животната средина и грижа за јавната хигиена.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This