(Фото) Уништeнa oпpeмaтa зa пpoyчyвaњe нa балканскиот рис вo Кичевско

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Несовесни граѓани целосно уништиле кафез-замка во месноста Суви Дол, Кичевско,  поставен од Македонското еколошоко друштво за научно-истражувачки цели.

Кафезот не е во можност повторно да се употреби за следна мониторинг сесија на балканскиот рис.

Досега не сме имале вакво искуство и апелираме до граѓаните што се движат во планина дека овој тип замки е наменет исклучиво за научно истражувачки цели и следење на популацијата на критично загрозениот балкански рис. Случајот ќе го пријавивме во полиција и се надеваме дека надлежните ќе поведат постапка против сторителите – вели Диме Меловски од Македонското еколошко друштво.

Вакви замки се поставени на повеќе локации во Националниот парк „Маврово“ и надвор од него и се од непроценлива вредност за стекнување нови сознанија за ова ретко животно, коешто МЕД активно го проучува и заштитува од 2006 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This