(Фото) Уpнебecни peaкции на граѓаните на „бomбичката“ на 3aeв: Ваков муабет се прави пред секоја кооперација, пак монтирате снимки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако 30 илјади луѓе излегоа на улица да побараат слобода за уставобранителите, да побараат враќање на името, раскинување на Договорот со Бугарија и оставка од Владата на Република Македонија, власта е во паника.

И покрај фактот што организаторот на протестот Тодор Петров бил известен од полицијата дека немало никакви проблеми и дека протестот поминал во најдобар ред, две лица добија кривични пријави за наводен напад на полицијата, кој никој не го видел.

Веднаш потоа кривична пријава за загрозување на здравјето на граѓаните доби и Тодор Петров како пријавувач на настанот во полицијата и како дел од организацијата на протестот, иако во МВР протестот бил пријавен од правно, а не од физичко лице, поточно од Светскиот Македонски Конгрес.

И како шлаг на тортата Заев повторно го активираше Александар Василевски Нинџа кој овој викенд со телефонски уред кој е забранет во секој еден затвор ги снимал уставобранителите како прават „лаф“ муабет и го изразуваат својот гнев кон Заев во монтирана аудио снимка на која не се слуша речиси ништо.

За трагедијата да биде уште поголема омилениот сведок на Вилма Русковска, Нинџа прави ново предавство на недела пред Велигден, во стилот на Јуда.

Но работите за власта повторно не се движат во посакуваната насока имајќи ги во предвид коментарите на социјалните мрежи на дел од медиумите кои ја објавија веста. Погледнете:

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This