March 28, 2024, 10:16 am

(Фото) Koлyмнa нa Тpифyн Кocтoвcки: Cтpaжa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Многумина од нас, граѓаните на Република Македонија, како и туристите од другите земји, патот ги води од Скопје кон Охрид преку планинскиот превој Стража. Стража отсекогаш била позната по чудесно вкусните мекици, кои пред десетина години беа и брендирани како „Мекиците од стража“. Токму затоа, не постои некој кој не подзастанал таму за да се освежи со волшебните мекици, пред да го продолжи патот. Местото Стража е највисокото место на целиот пат од Скопје кон Охрид, кое им овозможува на луѓето кои патуваат да уживаат во прекрасната природа и густите шуми кои даваат свежина во овие жешки, летни денови.

На местото Стража има три правни субјекти кои нудат храна, пијалоци и гориво, кои по мое длабоко мислење функционираат добро.

Не паметам на кое било мое патување да не сум застанал за да ги вкусам мекиците од Стража. За жал при мојот последен помин низ ова место одбив да ги пробам овие прекрасни мекици од причина што во околината на овие три правни субјекти и во самите објекти имаше тотална нехигиена.

Сметот кој што владееше во целото опкружување на овој потег беше главната причина што не ги пробав убавите мекици.

Почитувани, на само метар до 20 метри од местото каде ја консумираме храната во очи ни паѓа сметот кој е фрлан зад објектите или од страните на главниот магистрален пат. Направив неколку фотографии и ги објавувам. Како е можно да не се води грижа за хигиената каде ја консумираме храната.

Дали е профитот единствениот интерес на секој правен субјект? Повеќе илјадници граѓани во текот на денот ја консумираат оваа храна и ги користат услугите на овие три правни субјекти. Неможам да разберам до каде оди човечката несериозност и нехуманост.  Општествена одговорност дали постои кај овие правни субјекти? Дали се свесни сопствениците на „Мекиците од Стража” дека чинот на консумирање на нивната храна во тотално нехигиенски услови е опасно по нивните клиенти? Дали управителите на овој веќе познат бренд не разбираат дека хигиената е првиот предуслов за нивниот понатамошен развој и опстанок. И, конечно, дали некоја инспекција го контролира стандардот на овој угостителски објект, особено во услови на пандемија, но и без тоа.

Денес живееме загрозени од вирусот Ковид-19 и неговото мутирање. Нехигиената е главниот извор меѓу другото и за постоењето на овој вирус.

Почитувани пријатели, отворено прашувам, каде е пазарната инспекција, каде е трудовата инспекција, каде се институциите кои треба да го штитат здравјето на граѓаните? Убеден сум дека и тие институции знаат многу добро што се случува на потегот Стража, ама молчат. Зошто молчат? Бидете убедени дека потегот Стража со не голема инвестиција од страна на сите правни субјекти може да го претворат во катче кое ќе биде многу поатрактивно, но пред се’, ќе стане безбедна оаза. Оваа нехигиена се средува за 24 часа, ама пустата рамнодушност и алчност нѐ прави да бидеме убици и самоубици.

Почитувани пријатели, дали со мојот став ќе успеам нешто да променам на потегот Стража, најискрено кажано незнам, бидејќи Стража е само едно од многуте места во Македонија каде нехигиената царува. До кога ќе чекаме наше освестување дека хигиената е дел од нас и дека мораме да ја практикуваме во сопствен интерес, во интерес на нашите најблиски и во интерес на целата заедница.

Време е да престанеме да се восхитуваме на хигиената во развиените Европски земји, треба да почнеме сами да ја практикуваме оваа хигиена. Сакаме да бидеме дел од Европа, тогаш мораме да научиме дека хигиената е најсуштинската потреба за наше натамошно опстојување на планетета Земја. На крајот од краиштата, ние сме биле пет века дел од Отоманската империја, а токму во таа култура хигиената била израз на духовната хигиена. И така е и до денес во Турција. Зар ништо што е добро не сме научиле од таа култура.

Следејќи го мојот инстикт можам да простам сѐ, ама нехигиена не. Мора да постојат сериозни казни за лицата кои се одговорни за нашата хигиена во нашето секојдневие.

Пишува, Трифун Костовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This