April 20, 2024, 12:47 pm

(Фото)Hayчницитe најдoa нoв вид нa зaстpaшувaчки зeмјoтреси

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За прв пат во историјата, научниците го потврдија постоењето на мистериозниот и моќен феномен познат како „бумеранг“ земјотрес, отварајќи ја можноста за уште поопасни сеизмички настани.

Истражувачите предводени од Стивен Хикс, сеизмолог при Империјалистичкиот колеџ во Лондон, проучуваа податоци од 39 сеизмометри поставени во средно-Атланскиот гребен за да следат сеизмички активности и конечно најдоа докази за досега невидена сеизмичка активност, „бумеранг“ земјотрес.

Земјотрес од 7.1 степен по Рихтеровата скала удри во пукнатина на морското дно околу 1,100 километри од брегот на Либерија во Август 2016 година, моќно но неверојатно, се додека податоците не покажаа дека се случила аномалија.

„Иако изгледа нормално, начинот на ширење на земјотресот е сосема спротивно од тоа што го очекувавме како тоа би изгледал подводниот тремор пред да почнеме да ги анализираме податоците„-изјави Хикс.

Подводниот тремор почнал длабоко под земјата, движејќи се накај средно-Атланскиот гребен пред да се сврти на себеси и да се издигне низ горната страна од тектонската плоча со огромна брзина од 18.000 километри на час, доволно брзо да се стигне од Њу Јорк до Лондон за 20 минути.

Подводниот тремор патувал толку брзо, што создаде геолошки еквивалент на соничен бум.

„Колку што знам, ова е прв пат да добиеме вакви податоци“ изјави геофизичарот Јоширо Канеко од институтот GNS во Нов Зеланд.

Gif 1

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This