Франција очекува распределба на вaкцини за Koвид-19 во ЕУ според бројот на жители

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Договорот меѓу британската компанија „Астра Зенека“ и Франција за вакцина за вирусот Ковид-19 предвидува дистрибуција на вакцината меѓу земјите на ЕУ пропорционално со бројот на жители, изјави денеска претставник на Кабинетот на францускиот претседател.

Минатиот викенд, британската фармацевтска компанија потпиша договор со европските влади за набавка на повеќе од 400 милиони дози потенцијална вакцина за Ковид-19.

Договорот беше потпишан од европскиот Сојуз за вклучување вакцини (ИВА), кој беше основан од Франција, Германија, Италија и Холандија со цел да се обезбеди вакцината за сите членки на Европската унија што е можно поскоро.

– Договорот се заснова на принципот на пропорционална дистрибуција на вакцините, според бројот на жители. Баравме вакцината да се произведува во Европа и така е договорено, вели претставникот од Кабинетот.

Според него, Франција се надева дека слични договори наскоро ќе бидат склучени и со други фармацевтски компании.

Вакцините сè уште се во фаза на клиничко тестирање, а ќе бидат наменети за сите земји на ЕУ.

претходниот член,Заев прифати избори на 15 јули
Следната статијаЗоки датумо…

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This