March 29, 2024, 10:03 am

ФУДБАЛЕР ЗА ПРИМЕР: Заработува 175.000 евра неделно, а се шета со cкpшeн телефон

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јавноста го знае Садио Мане како нaпaѓaч на фудбалскиот клуб Liverpool. Садио Мане (роден на 10 април 1992, во Седиу) е сенегалски фудбалер, крило на Ливерпул и на сенегалската репрезентација. Многумина го сметаат Мане за еден од најдобрите фудбалери ширум светот, но покрај тоа тој изгледа дека е и најскромниот фудбалер.

Фудбалската ѕвезда со заработка од 175.000 евра неделно има доволно пари да си купи стотици смартфони. Но сепак, пред некој ден фановите забележаа дека тој користи телефон со cкpшeн екран.

„Зошто би сакал 10 Ferrari автомобили, 20 дијамантски часовници или авиони? Изградив училишта, стадион. Им oбeзбeдyвaм облека, обувки и храна на луѓето кои живеат во екстремна сиромаштија.

Немав образование и многу други нешта, но денес, со она што го заработувам благодарение на фудбалот, можам да им помогнам на моите луѓе“, изјави фудбалерот во една прилика.

Садио повеќепати ја има покажано својата скромност – минатата сезона веднаш после натпреварот на Liverpool и Leicester, тој беше забележан како ги чисти тоалетите во неговата локална џамија. Тој доби пофалби за својата скромност и покрај милионите кои ги заработува како еден од најплатените фудбалери на Ливерпул.

Фудбалерот не сака да биде во центарот на вниманието, не сака да се фали со парите кои ги има чесно заработено. Уште еден пример за неговата чесност е тоа што и покрај тоа што дома има бентли во џамијата доаѓа со не толку скап автомобил.

Можеби повеќе познати треба да почнат да го следат неговиот пример.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This