Фpaнциja нa нoзe: Hajaвeни 140 пpoтecти низ цeлaтa зeмja пopaди eпидeмиoлoшките мepки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Франција за денеска се најавени 140 протести низ целата земја, каде што граѓаните, четврта сабота по ред, ќе изразат незадоволство од воведувањето задолжителна санитарна дозвола за влез во некои затворени јавни места, пренесуваат француските медиуми.

Француската телевизија БФМТВ објави дека на улица се очекува голем број луѓе, до 200.000, колку што имаше минатата сабота.

Во Париз беа пријавени четири собири во различни делови на градот. Протести ќе се одржат во повеќето градови, вклучувајќи ги Лил, Тулон, Бордо, Нант, Колмар, Тулуз и Перпињан.

Како и претходните саботи, се планира да бидат распоредени поголем број полицајци. Oд понеделник медицинската дозвола ќе биде задолжителна за ресторани, барови и подолги патувања со автобус, воз и авион.

Таа дозвола, која вклучува доказ за вакцинација, минато заболување или негативен тест за коронавирус, е задолжителна од 21 јули за влез во културни и забавни згради, како што се музеи, театри или кина, и каде што не се присутни повеќе од 50 луѓе.

Францускиот парламент го усвои законот на 25 јули, но левичарските пратеници побараа мислење од Уставниот совет, гарант за почитување на Уставот и основните права. Советот го потврди законот во четвртокот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This