April 19, 2024, 10:05 am

ХАКИРАН МОБИЛНИОТ НА МЕРКЕЛ: Хакирани личните податоци на стотина германски политичари, меѓу кои и на Меркел

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Канцеларката Ангела Меркел е меѓу германските политичари погодени во голем хакерски напад во кој се објавени нивните лични податоци, вклучувајќи ги податоците за кредитните картички и броевите на мобилните телефони.

Бројот на нејзиниот факс, имејл адресата и неколку писма се меѓу податоците кои протекоа на интернет преку профил на Твитер за кој не се знае кој го контролира. Засега не се знае дали пораките, кои Меркел ги праќала и примала од други, содржат чувствителни информации.

Германските медиуми јавуваат дека хакирањето на личните податоци на стотина германски политичари на сојузно и државно ниво било откриено доцна синоќа.

Податоците на политичарите објавени на Твитер вклучуваат и адреси, лични пораки и копии на лични карти. Погодени се сите поголеми германски партии освен крајно десничарската Алтернатива за Германија (АфД). Идентитетот на хакерите и нивниот мотив не се познати.

Германската министерка за правосудство Катарина Барли го осуди „сериозното“ протекување лични податоци на политичарите на интернет нарекувајќи го напад врз демократијата.

„Извршителот на нападот сака да ја урне довербата во нашата демократија и нашите институции“, кажа таа додавајќи дека извршителот или извршителите итно мора да бидат најдени и дека треба да се открие мотивот зад нападот.

„На криминалците и оние кои ги поддржуваат не смее да им се дозволи да диктираат каква било расправа во нашата земја“, кажа министерката.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This