April 20, 2024, 11:15 am

Хамас најави масовно бomбapдиpaње на израелските градови како одговор на израелските нaпaди

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бригадите од ад-Дин ел Касам, вооруженото крило на палестинското движење Хамас, кое го контролира Појасот Газа, објавија нов бран масовно ракетирање на израелски градови и воени бази како одговор на израелските напади, објави радио станицата Савт ал-Акса.

Најавуваме почеток на ракетен одговор од големи размери на нападите врз нашиот народ минатата ноќ во Газа и континуираната агресија против Палестинците, се наведува во соопштението.

Хамас соопшти дека нападнал израелски брод крај брегот на палестинските енклави. Израелската команда го потврди нападот врз бродот, но изјави дека Палестинците ја промашиле целта.

Бригадите на Изад Дин ал-Касам исто така соопштија дека ја гранатирале воздушната база Хацерим во јужен Израел.

Слични напади изврши Сараја ал Кудс (Ерусалимска бригада), вооруженото крило на палестинската група Исламски џихад.

Палестинците сега бомбардираат израелски градови во близина на појасот Газа, вклучувајќи ги Сдерот, Ашкелон и Батшеба.

Агенцијата наведува дека има извештаи дека во нападите има повредени и е причинета материјална штета.

Исто така, има извештаи дека врховниот командант на воената група Сараја ал-Кудс, Хусам Абу Харбид, одговорен за палестинските сили на отпор во северна Газа, е убиен во израелски воздушен напад врз енклавата, јави Танјуг.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This