ХАН САМО НА АХМЕТИ МУ ГО НАПРАВИ „ЌЕЈФОТ“: Широка коалиција е пат кон неуспех, од Хан задоволен само Ахмети!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

– ВМРО-ДПМНЕ бара и планира брзи избори – не добија поддршка од Хан за тоа.
– На СДСМ му одговора власт преку ред, иако загубија на изборите и брз договор за коалиција со Ахмети, но ни тие не добија поддршка од Хан за тоа.
– БЕСА посакуваше власт на сите албански партии со СДСМ против Груевски, но за нивна жал ЕУ не мисли така и не ја поддржува албанската платформа.
– На Али Ахмети му треба време да се приберат и пребројат по изборниот пораз, да ги смири групите во партијата и да си го врати назад нарушениот шефовски авторитет – Хан и ЕУ единствено ги поддржааа неговите потреби и планови и рекоа дека не треба да се брза пред да се решава што било – пишува весникот Вечер

sredba_przino_15Juli

Квалитет, а не за брзина. Партиите да продолжат со преговорите, да ја демонстрираат нивната демократска зрелост, изјави комесарот за проширување Јоханес Хан пред да замине од земјава и порача политичарите да донесат одлука во интерес на земјата и на граѓаните и нивната европска перспектива.

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]- Очигледно ќе биде потребно уште време. Тие ќе продолжат со преговори и очекувам да донесат одлука во интерес на земјата, на граѓаните и европската перспектива. Европската Унија ќе стори се за да им помогне на земјата и на раководството на земјата – смета Хан.[/kopa_block_quote]

На прашањето дали Македонија ќе ја загуби препораката за почетокот на преговорите со ЕУ доколку до крајот на февруари не биде формирана нова влада, истакна дека не е потребна брза, туку квалитетна одлука.

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]- Станува збор за квалитет, а не за брзина. Тие треба да продолжат со преговорите, да ја демонстрираат нивната демократска зрелост, да имаат одлична програма која ќе се базира на договорот од Пржино и посветеноста на европерспективите. Ако тоа се постигне, јас сум уверен во иднината на земјата – рече Хан.[/kopa_block_quote]

Тој посочи дека е секогаш оптимист и најави дека повторно ќе ја посети земјата.
Хан во петокот утрото имаше средба со претседателот на државата Ѓорге Иванов, а во четвртокот вечерта со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на СДСМ Зоран Заев, на ДУИ Али Ахмети, на Беса Билал Касами, на Алијасата за Албанците Зијадин Села и со Мендух Тачи од ДПА.
На средбата Груевски – Хан станало збор за организирањето и резултатите од изборите, постизборниот период и обидите за создавање коалиција, како и за зрелоста на ситуацијата за нови парламентарни избори, што би се организирале заедно со локалните.
Директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Иво Котевски, вели дека ја искористиле можноста во детали да го запознаат еврокомесарот со случувањата и да ги аргументираат нивната политика и одлуки.

„Комесарот Хан ги изнесе своите размислувања, кои се идентични со неговите јавно искажани ставови на вчерашаната прес-конференција, како и низ формата на препораките што претходно беа испраќани преку прес-конференциите на портпаролите на ЕУ, при што беше нагласено дека ЕУ не сака да се меша во тоа кој со кого ќе коалицира и какви одлуки ќе донесат македонските партии во однос на креирањето колиција и влада”, изјави Котевски.
ВМРО-ДПМНЕ, како што посочува Котески, е партија чија платформа и стратегија е зачленување на Република Македонија во ЕУ.
Ние како коалиција предводена од СДСМ правиме се час поскоро да го завршиме процесот на собирање потписи за да можеме да влеземе во преговори за формирање влада, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по средбата со еврокомесарот Јоханес Хан.
Во однос на процесот за добивање мандат Заев рече дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети, не барал ништо за да влезе во разговори за влада со Никола Груевски од ВМРО­-ДПМНЕ, и дека тие ќе го испочитуваат тоа барање. За нас зборот е збор без оглед дали е даден усно или на писмено, рече Заев. Го повтори ставот дека партијата ќе се изјасни по платформата на албанските парламентарни партии откако ќе го добијат мандатот за состав на нова влада.
[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]- Ние не бегаме од платформата. Имаме позитивен аспект на платформата затоа што е предизвик за нешто што за дел од граѓаните им е пречка во секојдневниот живот, истакна Заев и додаде дека се што се разговара е во рамките на Уставот на РМ , а целта е вели, сите малцински етнички заедници да бидат еднакви, додаде Заев.[/kopa_block_quote]

Нагласи дека е задоволен што дел од албанските партии најавиле потписи за СДСМ, но рече дека нивното добивање значи добивање мандат, а потоа ќе следат разговорите за влада.

Широка коалиција тешко ќе функционира

Можноста во Македонија повторно да има некаква широка коалиција, која Европската Унија нескриено ја заговара, однапред е осудена на неуспех. „Влада со широка политичка поддршка#, “Влада на солидно широка основа# – како и да се нарече во суштина станува збор за коалиција во која би влегле речиси сите партии што освоија пратенички места.
Познавачите на политичките случувања се скептични дека тоа може да функционира ако се знаат и поблиските и подалечните искуства. Во 2001 година, за време на воениот конфликт, Македонија имаше класична широка коалиција, а пред изборите на 11 декември – техничка влада.

– Во таков случај секој може да прави што сака. Партиите во никој случај нема да сакаат да имаат премиер бидејќи нема да може да ги контролира работите. Некаква широка коалиција е можна само во случај таа влада да има точно определен рок и мандат од неколку месеци, најмногу до крајот на годината, и потоа да се организираат избори. Моменталната политичка состојба во Македонија оди кон нови избори – анализира Владимир Божиновски за Телеграф.мк.
Стравувањата се дека доколку се формира ваква коалиција, таа би била искористена за решавање на билатералниот спор со Грција и за да се заобиколи референдумот на кој граѓаните ќе кажат дали се сложуваат со промена на уставното име на државата.
Се уште се свежи сеќавањата кога според договорот од Пржино, министри од СДСМ влегоа во техничката влада заедно со ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Јавноста беше сведок на тужби и секојдневни расправии помеѓу министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и дополнителниот заменик-министер Оливер Андонов. Слична беше состојбата и во Министерството за труд и социјала, како и нетрпеливоста помеѓу Фросина Ременски и Диме Спасов.
Кратко траеше и широката коалиција во 2001 година кога СДСМ влезе во влада со двајца министри. Владо Бучковски и Илинка Митрева беа дел од владата само шест месеци, по што беа сменети од функциите.

Извор:
Вечер.мк

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This