Харадинај: Или пpизнaвaњe нa нeзaвиcнocтa нa Kocoвo или ce o6eдинyвaмe co Албанија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово (АБК) Рамуш Харадинај денеска повторно му порача на српскиот претседател Александар Вучиќ, како дел од изборната кампања, дека е подобро да се признае Косово, бидејќи во спротивно, како што тврди, Косово „ќе го продолжи својот пат кон обединување со Албанија“.

Како што пренесува приштински „Лајми“, Харадинај на предизборниот митинг на АБК во Урошевац рече дека одлуката на Србија да не го признае Косово „му штети само на нејзиниот претседател Вучиќ“.

Харадинај, исто така, рече дека е убеден дека ќе биде претседател на земјата, како и дека ќе биде првиот претседател кој целосно ќе се посвети на решавање на односите со Србија, објави Косово Онлајн.

– Кога ќе станам претседател, со Божја помош и со ваша помош, ќе се збогуваме со Вучиќ. Затоа, дајте ми го Косово, не одложувајте повеќе, затоа што немаме време да чекаме, бидејќи веќе создадовме армија и енергетска независност, го трасираме патот за обединување со Албанија. Немате избор, не одложувајте, затоа што ние си ја работиме својата работа – рече Харадинај.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This