March 28, 2024, 11:30 am

Хиpypгoт Владимиp Кочоски oд Cтpyшкaтa бoлницa пoчинa oд пocлeдицитe нa Koвид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Струга загуби врвен доктор, кој успеал да се справи со коронавирусот но не и со последиците од него. Шеесетгодишниот хирург-специјалист д-р Владимир Кочоски две недели се лечел од ковид-19 на скопската Инфективна клиника и по добиениот негативен тест, ден пред неговото пуштање дома, нагло му се влошила состојбата поради нарушените витални органи од опасниот вирус. Итно бил префрлен на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), но не успеал да се избори со компликациите што ги предизвикал вирусот.

„Беше истакнат и ценет лекар, кој несебично се жртвуваше во спасувањето на многу човечки животи. Од цела држава доаѓаа пациенти кај него. Оваа е голема загуба за нас, за медицината, за семејството. Постојано бевме во контакт и беше среќен што го победи вирусот, но за жал не успеа да се избори со последиците од него“, велат неговите колеги.

Д-р Кочоски до пред два месеца беше и раководител на Одделението за хирургија во Струшката болница. Зад себе остави две ќерки за кои медицината е исто така животна определба.

Тој е првата жртва од здравствениот персонал во Струшката болница, од вкупно досега 30-тина заболени медицински лица.

Пред три дена од ковид-19 почина познатиот охридски доктор-специјалист Драган Спасески-Охридски, ортопедски хирург од Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид, кој исто така имаше 60 години.

Во Општата болница во Струга, во која има 30 позитивни од кои 15 се на кислородна поддршка, денеска починаа две заболени лица и едно синоќа на 67-годишна возраст, кое починало веднаш откако било примено на одделение. Од таму велат дека болните многу доцна се носат во болница.

Извор: sdk.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This