Д-Р ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ-НОВИОТ ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА ВМРО-ДПМНЕ: Човек со висок капацитет, стручност, професионалност и со меѓународно признат капацитет

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ВМРО-ДПМНЕ за нов генерален секретар го избра д-р Христијан Мицкоски, претседател на Управниот одбор и генерален директор на АД ЕЛЕМ и професор на Машинскиот факултет при УКИМ.

Мицкоски е млад, но перспективен кадар кој граѓаните најмногу го знаат по водењето на ЕЛЕМ. Неговото досегашно богато работно искуство е надополнето со преку 100 научни трудови, а добитник е и на повеќе меѓународни награди и признанија за иновации. Тој партиципирал во изработка на редица меѓународни развојни проекти од областа на енергетиката и мехатрониката.

За стручноста и капацитетите на новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ говори и фактот што АД ЕЛЕМ во соопштение во минатата година напиша „’Електрани на Македонија’ може да има само придобивки од искористувањето на стручениот, професионалниот и меѓународно признат капацитет на Христијан Мицкоски кој ќе ја продолжи и унапреди развојната политика на компанијата.

-Учествувал во изработка на редица меѓународни проекти од областа на енергетиката и мехатрониката, а во 2001 година е избран за најдобар дипломиран студент на Машинскиот факултет во Скопје. Неговата академска надградба продолжила на универзитети во Германија и Италија каде магистрирал и докторирал, а реализирал и неколку студиски престои во Италија, Австрија и Германија. Оттука, „Електрани на Македонија“ може да има само придобивки од искористувањето на неговиот стручен, професионален и меѓународно признат капацитет кој ќе ја продолжи и унапреди развојната политика на компанијата, се вели во тогашното соопштение на АД ЕЛЕМ.

Во своето богато CV, Мицкоски може да се пофали дека од 2015 година до крајот на мандатот на Владата на ВМРО-ДПМНЕ беше Советник за енергетика на претседателот на Владата.

Во моментот тој е и вонреден професор на Машинскиот факултет во Скопје.

Во 2011. година, Мицкоски бил и визитинг професор на Техничкиот универзитет во Виена.

Новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ има и големо партиско искуство, па така тој во април годинава е избран за претседател на Кадровската комисија на ВМРО-ДПМНЕ, а член на Комисијата е од јули минатата година.

Мицкоски беше дел и од Републичкиот изборен штаб на изборите во 2011. година, а претходно и од Регионалниот изборен штаб на Изборната единица 4, на изборите во 2008, 2014 и 2016 година. Тој бил и ко-претседател на Комисијата за енергетика во периодот од 2010 до 2012 година.

20 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This