March 29, 2024, 10:12 am

ХAКEРCКИТE НAПAДИ НЕ ПРECТAНУВААТ: Хaкepи ја блoкиpaа работата на фабриките и канцелариите на Honda во Европа и Јапонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Компјутерски вирус e причина за прекин на производството во фабриките на Honda во Јапонија и Европа.

Според извештаите на медиумите, производителот на автомобили се сомнева во хакерски напад кој ја блокирал работата неколку часа.

Во изјавата на јапонската компанија се наведува дека проблем со мрежата довел до потешкотии во работењето. Освен фабриките, нападот, најверојатно предизвикан од вирусот Еканс, влијаел и на работата на канцелариите и дилерите на Honda во Европа, САД и Јапонија.

Според медиумите, целта на хакерскиот напад и била да се запре производството. Еден од серверите бил заразен со таканаречениот ransomware Ekans, кој е создаден за да вознемирува големи компјутерски системи кои се користат во корпорациите со многу клонови. Вирусот ги парализира важните датотеки и бара откуп за да се врати податоците и перформансите на системот.

Ова не е прв ваков напад против ИТ системите на Honda. Пред три години, серверите на јапонската корпорација беа заразени со вирусот WannaCry. И тој, како и Ekans, функционира на истиот систем – откупнина за да се вратат податоците и перформансите на системот.

Тековниот напад најверојатно започнал оваа недела (7 јуни), а престанокот на производството и деловното работење дошло еден ден подоцна. Сè уште нема информации за тоа како точно се решил проблемот, но работата на фабриките и канцелариите е рестартирана.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This