ЦАНОСКИ ПОВТОРНО ЌЕ ГО ГРАДИ ,,КОСМОС“:Договорил партнер од Источна Европа кој имал средства за повторно да никне градбата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Фијат Цаноски пронашол инвеститор за повторна изградба на станбено-деловниот комплекс „Космос“. За „Фактор“ вели дека нема негови расположливи финансиски средства за оваа скапа инвестиција, но дека договорил партнер од Источна Европа кој ги има за повторно да никне градбата .

– Јас немам пари, бидејќи се работи за повеќемилионски проект, но партнерот со кој се договорив ги има средствата. Можам да кажам дека ќе биде сосема ист, од подземните гаражи па се до самиот кров- изјави Цаноски.

Самиот комплекс, според проектот, треба да биде седумнаесеткатница, поделена на пет ламели, и помалата зграда, која ќе била поставена полукружно. Двете згради заедно требало да имаат околу 560 стана. Изградбата на комплексот беше предвидено да чини на околу 30 милиони евра. На долните катови од големата зграда предвидени беа деловни простории и шопинг – центар, а на последниот кат беше предвиден луксузен ротирачки ресторан со површина од 1.500.до 2.000 квадратни метри од кој ќе можеше да се гледа целата панорама на Скопје. Во средишниот дел на овој последен кат планирано било да се сместат и фитнес – центар, базен и сауна за рекреација на станарите. Беше предвидена и детска градинка. Меѓу двете згради, кои требаше да се оддалечени 120 метри, превиден бил парк и шеталиште. Паркирањето било решено со две подземни гаражи од по два ката под подрумите на зградите, а странично од комплексот била предвидена и гаража на два ката со околу 562 паркинг-места.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This