Царовска: Само со poдова еднаквост може да се создаде иднина без пpeдрасуди и диckpиминација

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Само со родова еднаквост може да се создаде поубава иднина, иднина без предрасуди и дискриминација. Верувам дека денешните учесници на овој Самит ќе донесат заклучоци за создавање на подобар свет кој не препознава дискриминација по родова, етничка, културана, социјална или друг вид на припадност, рече министерката за образование и наука Мила Царовска, во обраќање на Глобалниот Самит за лидерство за девојките.
Како што соопошти Министерството за образование и наука, Царовска на Самитот истакна дека земјава во новата концепција за основно образование, која стартува од септември, посебно внимание посветува низ образовниот процес да изгради идни генерации кои ќе ги почитуваат различностите и заеднички ќе создаваат општество во кое има место за секој.
Министерката ги повика девојките да не се сомневаат во своите способности за лидерство и да ги следат примерите на многуте девојки меѓу кои и учесничката на Самитот, Малала Јусафзаи, која преку својот активизам се бори против родовата дискриминација и родово базирано насилство.
Глобалниот Самит за лидерство за девојки е во организација на непрофитното Здружение „Girl Up“ кое има за цел да ги обедини и зајакне девојките и младите жени од целиот свет да се борат за еднаквост на правата, платите и животниот стандард

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This