Царовска: Учебната година ќе почне организирана, но со голем број предизвици

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со голем број предизвици ќе започне новата учебна година, вели министерката за образование, Миле Царовска. Посочи дека во моментот се одвиваат техничките процеси, а периодот за припрема бил краток.

Но, сепак, според Царовска, има основи за учебната година да почне организирано.

Прашана за личен став околу дневниот престој Царовска рече тој не е важен, туку Владата ќе го даде последниот збор. Појасни дека не станува збор за класичен дневен престој каде што ќе се мешаат ученици од повеќе одделенија, туку истите ученици од едно одделение ќе останат заедно.

Претседателот на Синдикатот, Јаким Неделков рече бројот на наставници е сериозен проблем и е невозможно со бројот на кадарот да се реализира наставата, особено ако се воведе целодневна настава.

-Во соработка со Министерството ќе се изнајдат решенија за сатисфакција на дополнително вложениот труд за оние наставници кои вонредно ќе имаат часови. Се разбира за нас како синдика, 50 часа наставни часови во неделата е неприфатлива опција, рече Неделков.

Царовска вели дека се свесни за овој проблем и постојат три опции за да реши проблемот со бројот на наставниците.

-Едната опција , итни и неодложни, дека има потреба од дополнителен кадар. Имаме друг персонал кој што може да се вклучи во делот на поддршката на целодневната, зашто во вториот дел на наставата имаме повторување на знаењето кое го поминале во текот на денот. Што значи дека и друг кадар од училиштето може да помогне тука. И секако дека имаме можност преку Законот за работни односи – плаќање на дополнителни часови. Системот обезбедува сето ова да ни се случува, рече Царовска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This