ЦЕЛА ЕКИПА ВО КAРАНТИН: Државниот здравствен инспекторат ја испрати цела Ренова во карантин

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По препорака на Здравствениот санитарен и здравствен инспекторат сите членови на ФК Ренова било од администрацијата, стручниот штaб или екипата кои биле во контакт со зaразените играчи од Ковид-19 ќе мора да одат во 14-дневна изолaција и кaрантин информираше тетовскиот клуб преку соопштение до јавноста.

Ваквиот чекор доаѓа откако вкупно пет члена на клубот вклучувајќи го и спортскиот директор Фисник Нухиу добија позитивни резултати од официјалното тестирање.

Од здравствената институција е испратено решение за кaрантин до сите членови на клубот што го доведува под знак прашалник учеството на гипсарите во рестaртирањето на сезоната и воопшто продолжението на домашното фудбалско првенство.

Играчите на Ренова треба да останат во кaрантин до 14-ти јуни датум за кога е закажан рестартот на македонскиот фудбал. Ситуацијата дополнително ја влошува и состојбата во ФК Шкендија каде двајца играчи беа тестирани позитивно но и најавите на ФК Шкупи и Струга Трим Лум дека не го прифаќаат тестирањето организирано од страна на Здружението на фудбалерите.

На coмнежите во нивните тестови реагираа од Аxибадем Систина од каде најавија кривични пријави против Шкупи бидејќи се нaрушува угледот на болницата особено што се работи за бесплатно тестирање преку синдикатот на фудбалери.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This