Денес во Куба се прекинати телефонските линии и Интернетот, објави Ројтерс, наведувајќи дека нема проблеми во снабдувањето со електрична енергија.
Сè се случи околу пладне по локално време, а корисниците наскоро започнаа да ги споделуваат вестите на социјалните мрежи.
Сепак, прекинот не траеше долго, па телефонските врски беа воспоставени по час и половина, а десет минути подоцна, Интернетот започна да работи .
Кубанската државна компанија за телекомуникации во соопштението вели дека станува збор за технички проблем што влијае на пристапот до Интернет.