April 19, 2024, 12:14 pm

Целосен kapaнтин во Белгија, дозволено само излегување за купување намирници и на работа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Белгиските власти одлучија да ја затворат земјата поради катацтрофалната епидемиолошка состојба, јавуваат локалните медиуми.

Иако обраќањето на премиерот на Белгија е закажано за во 19 часот, РТБФ јави дека на денешната средба на премиерот со претставниците на федералните и ентитетските органи е донесена одлука за затворање на државата, по примерот на Франција, почнувајќи од 1 ноември и ќе трае најмалку еден месец.

Од 1 ноември, според медиумот, сите невитални продавници во Белгија се затвораат, забрaнети се посети на домови, како и сите заминувања од домови, освен во случај на купување, посебна потреба или на работа.

Надворешните граници на Белгија исто така се затвораат за сите патувања, освен оние што се неопходни и се најавуваат засилени полициски проверки. Сите барови и кафулиња во земјава се веќе затворени во октомври, маските се задолжителни насекаде во јавниот простор, а полицискиот час е во сила од 22 до 6 часот наутро.

Зaбрането е собирање повеќе од четири лица, а сите спортски и културни објекти се затворени.

Во последните две недели, Белгија бележи најголем број на зaрaзени луѓе на 100 илјади жители во Европа и втора највисока стапка на cмртноcт во светот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This