Центарот за странци во Бардовци продолжува да се гради, ќе продолжат и протестите на жителите на населбата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не можеме да гарантираме дека протестите ќе продолжат да бидат мирни, се заканија жителите на Бардовци, по средбата со министерот Оливер Спасовски на нивно барање, со цел да се спречи градењето на Центарот за странци во непосредна близина на нивните домови. Кај Спасовски не наишле на разбирање, туку добиле буквално предизборен говор. На средбата биле и актуелниот градоначалник, како и кандидатот на владејачката СДСМ за општина Карпош.

Министерот не успеа да одговори зошто се дојдени на средба, кога веќе се решени дека нема да направат помрднување од ставовите дека тука мора да се гради прифатен центар. Затоа што Бардовчани не беа дојдени на состанок за да им се објаснуваат работи што ги знаат, туку да им се даде ветување дека проблемот ќе се реши“-велат во своето соопштение жителите на Бардовци.

Спасовски им напоменал, како што велат, дека не можело да се престане со градба на центарот.

Спасовски одговори дека не можеле да престанат со градба, затоа што на 1,5 милиони евра европски пари, ние како држава ќе сме требало да вратиме 3 милиони, што не држи и треба дополнително да се провери. Но, клучно беше прашањето дали ние Бардовчани не вредиме 1,5 милиони евра колку што треба да се доплатат – велат жителите.

Сепак се надеваат дека нивната мака ќе се најде на следната седница на Влада. Така барем им ветил Спасовски. Во меѓувреме продолжуваат со протести, за кои се заканија дека нема да останат мирни ако работите не се решат во нивна корист, односно да се дислоцира центарот надвор од населеното место.  Претходно имаа средба со претседателот Пендаровски, кој им рече дека лично ќе се заложел. Функционерите се одлучија да ги примат Бардовчани откако разбраа дека прв за проблемот сериозно се заинтересира евроамбасадорот Гир.

Извор: alfa.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This