Циклонот од Шпанија се движи кон Балканот: Деновиве снег и ниски температури и во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бурата Филомена минатата недела му донесе на Мадрид невидени количини на снег и ниски температури, што се спуштија на рекордни минусни нивоа.

Тоа беше првиот снег во Мадрид во последните 10 години, а имаше речиси половина метар. Толку снег во главниот град на Шпанија не е забележан во последните 50 години. Во исто време, на Гибралтар падна месечниот износ на дожд за само два дена.

Во меѓувреме, овој циклонски бран се пресели преку Медитеранот, така што веќе ги зафати источните делови на Балканот, Србија и продолжува кон Македонија, Грција и Турција.

Поради продор на студена воздушна маса од север, утре попладне и в четврток ќе има локални врнежи кои речиси насекаде ќе бидат од снег и позастапени во западните делови, каде што освен на повисоките места,  тенка снежна покривка некаде ќе се создаде и на пониски места.

Во вонредна прогноза Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека врнежите ќе завршуваат во ноќта кон петок, кога ќе следува период со значително ниски температури.

-Во петок и за време на викендот ќе биде суво и многу студено, а температурата во поголем дел од земјава преку целиот ден ќе се задржи под нулата. Најстудено ќе биде наутро за време на викендот кога температурата во Малешевијата и во Пелагонија ќе се спушти и до -12 Целзиусови степени. Студено ќе биде и на почетокот на следната недела, а потоа температурите ќе бидат малку повисоки, информира УХМР.

Во следниве денови ќе дува умерен до повремено засилен ветер од северен правец, поизразен утре и потоа во петок и сабота.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This